505
Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 1 062 возачи.
Како што информираат од Министерствити од нив, 100 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 12 се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 572 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 490 надвор од населено место.
За време на акциската контрола санкционирани биле и 209 други видови прекршоци.
Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила со цел придонес за побезбедни патишта.