Санкциите за Белорусија ги конфронтираа ЕУ и Русија

by fokus

Притисокот со санкции на ЕУ врз Белорусија е контрапродуктивен, укажал рускиот претседател Владимир Путин за време на телефонскиот разговор со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

„Во поглед на дополнителните санкции и притисоци кои ЕУ ги презема против Белорусија, Владимир Путин истакна дека таквиот пристап е контрапродуктивен, како и секој друг обид за мешање во внатрешните прашања на суверените земји“, се наведува во соопштението на прес-службата на Кремљ.

Претседателот на Европскиот совет Мишел, пак, нагласил дека односите меѓу ЕУ и Русија се „на ниско ниво“ и дека „оваа ситуација или нејзиното понатамошно влошување не е во интерес на ниту една од страните“, се наведува во соопштението на Европската унија.

„Односите можат да се подобрат ако Русија престане со деструктивното однесување“, напиша Мишел на Твитер.

Инаку, санкциите против клучните членови на белоруската влада дојдоа по присилното приземјување на лет на Рајанер на 23 мај и апсење опозициски новинар.

Поврзани новости