277
Шефицата на француската дипломатија Кетрин Колона во изјава за француското радио денеска кажа дека Белорусија би можела да се соочи со санкции доколку се повеќе се вклучува во конфликтот во Украина.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко вчера изјави дека им наредил на безбедносните сили да се распоредат во близина на украинската граница, заедно со руските сили, како одговор на, како што рече, јасната закана за Белорусија од Киев и земјите кои ја поддржуваат.