99
Саниран е големиот дефект со пукнатата водоводна цевка поради што поголем дел од граѓаните во Центар останаа без вода.
Како што информираа од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ дефектот е саниран ноќеска во 03:50 часот а причина за дефектот беше пукната цевка Ф -600.
Вчера поради дефектот беше поплавена улицата позади Македонската радио телевизија, преку која се пристапува и до одделот на МВР познат како „пасошко“.