Санду: Молдавија ќе воведе вонредна состојба, Украинците почнаа да доаѓаат преку границата

by Fokus

Молдавија ќе воведе вонредна состојба и подготвена  е да прифати десетици илјади лица од соседна Украина, изјави денеска молдависката претседателка Маја Санду.

-Ќе им помогнеме на луѓето на кои им е потребна нашата помош и поддршка, рече таа.

Десетици автомобили чекаат во колони на границата меѓу Украина и Молдaвија, наведуваат молдависките интернет медиуми.

„Молдавија денеска ќе го затвори својот водушен простор и ќе ги пренасочи летовите кон другите воздушни пристаништа заради безбедносната ситуација во регионот“, соопшти земеник премиерот на земјата, Андреј Спину, во пост на Фејсбук

Поврзани новости