Шпанија е последната во низата земји кои ќе ја признаат Палестина како независна држава. Ова го потврди и нејзиниот премиер Педро Санчез.
Во својот говор на седницата на Конгресот во средата, 22 мај, Санчез рече дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „сè уште глуми… тој сè уште бомбардира болници и училишта и ги казнува жените и децата со глад и студ“.
„Решението за две држави е во опасност никогаш да не заживее“, додаде премиерот на Шпанија.
„Не можеме да го дозволиме тоа. Имаме обврска да дејствуваме. Во Палестина како и во Украина без двојни стандарди“, беше експлицитен тој во својот говор.
Санчез ја нагласи неопходноста од продолжување на поддршката на палестинскиот народ, кој со месеци е во хуманитарна криза поради жестокиот напад на Израел.
„Мораме да испратиме хуманитарна помош и да им помогнеме на бегалците, тоа веќе го правиме. Но, треба да се направи повеќе.
На крајот, Санчез подвлече дека ова признание не може да се окарактеризира како антисемитизам, ниту како поддршка за Хамас.
„Ова признавање не е против Израел, не е против Евреите. Тоа не е во корист на Хамас“.
Haciéndonos eco del sentir mayoritario del pueblo español, el próximo martes 28 de mayo, España aprobará en Consejo de Ministros el reconocimiento del Estado de Palestina.
Ha llegado la hora de pasar de las palabras a la acción.
Por la paz, la justicia y la coherencia. pic.twitter.com/OYhRleIdHE
— Pedro Sánchez (@sanchezcastejon) May 22, 2024