Популарните фолк музичари Благоја Грујовски и Сања Цинцева, позната како Сања Барби, веќе ја договорија својата голема австралиска турнеја, која ќе започне со концерт за дочекот на Новата 2024 година во Перт, во Македонска народна општина Вардар.
Предвидени биле голем број на концерти во поголемите австралиски градови, а музичарите заедно со оркестарот Маестрал ќе гостувале кај нашите иселеници се до крајот на месец февруари.
Веста за турнејата ја соопшти менаџерот Пикси Санел, кој заедно со Лу Ристов го организираат настанот.
Откако се смири состојбата со корона вирусот и се укинаа мерките, голем број на наши музичари веќе имаа гостувања кај иселениците во Австралија.
Сузана Гавазова, Некст Тајм, Борче Наумовски – Министерот, Влатко Лозановски, Цаки Кисми, Сања Ристеска и многу други пејачи одржаа концерти во преполни сали, а интересот на дијаспората за забавни музички настани секогаш е голем.