Самуилова тврдина во боите на ретките болести

by Fokus

Како и секоја година, така оваа година од Здружението за ретки болести се приклучија кон глобалниот повик на ЕУРОРДИС за осветлување на локални и национални згради и споменици.

Овој синџир на осветлени објекти ќе послужи како еден од симболичните начини за кршење на изолацијата на глобално ниво.

„Hа 1 февруари започнавме со националната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2025″ но и илуминација во боите на ретките болести на Самуиловата тврдина, како едно од најважните обележја на Охрид. Оваа година илуминацијата на културно историските споменици е спроведена со помош и поддршка на Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид и НУ Завод и музеј од Охрид. Да напоменеме дека Самуиловата тврдина изминатите три години беше прв осветлен објект во светот за што добивме пофалби од меѓународната заедница за ретки болести“ соопштија од Здружението за ретки болести.

Поврзани новости