Пред спомен куќата на Мајка Тереза пред папата Франциск се обрати една самохрана мајка, која раскажа дека чесните сестри и помогнале, без да ја прашаат на која вера и припаѓа.
Младата жена раскажа дека со штотуку роденото бебе била исфрлена на улица од сопствениот сопруг. Таа останала сама со детето на улица, но тогаш во пресрет и излегле чесните сестри, кои ги примиле во нивниот дом и им пружиле достоен живот.
„Никогаш не ме прашаа дали сум православна, или која и да сум вера. Знаеја дека ми е потребна помош и ни помогнаа. Исто така, никогаш досега не побарале од мене да ја сменам верата, јас сум православна христијанка. Без разлика на мојата вера, тие се уште се тука за мене и за мојата ќерка. Ти благодарам Свети оче што ја посети нашата земја“, му се заблагодари граѓанка на папата Франциск.