После 5 години низ правосудните лавиринти на системот контролиран од СДС и ДУИ денес случајот Дурмо Турс има разрешница, која наместо да дoнесе правда за оваа трагедија, отвора нови прашања, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Само во судство на СДС и ДУИ, првообвинетиот, газдата на Дурмо Турс, добива најмала казна од обвинетите (4 години), а возачот, шестообвинет, најголема (14 години).
Само во судство на СДС и ДУИ, вештачење на пензиониран наставник од средно училиште има поголема вредност од вештачење на Машинскиот факултет.
Пет години му требаше на судството со СДС и ДУИ, да пресуди за 16 изгубени животи во превртен автобус со неисправни кочници. Затоа довербата во судството е само 2 проценти. Никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме“ порачаа од опозициската партија.