Само уште Франција, Шпанија, Холандија и Исланд треба да го ратификуваат протоколот за НАТО

by Fokus

По САД, четири држави – Франција, Шпанија, Холандија и Исланд – преостануваат за да го ратификуваат пристапувањето на Северна Македонија во НАТО. Франција го помина протоколот во Сенатот и преостанува да биде ратификуван во Националното собрание.

Последна која ќе го ратификува протоколот е Шпанија поради изборите што ќе се одржат во ноември. Предвидено е шпанскиот парламент да се конституира на 3 декември токму на денот кога почнува НАТО самитот во Лондон. По завршувањето на ратификувањето на Протоколот во сите земји-членки, документот ќе се ратификува во Собранието на Македонија со што земјата станува 30-та членка на НАТО.

Поврзани новости