Само три нови случаи на корона вирус

by Fokus

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 1.342 тестирања, а регистрирани се 3 нови случаи на КОВИД-19, сите од Скопје.

Регистрирани се 6 оздравени пациенти од: Скопје и Тетово – по 2, Кочани и Кичево – по 1. Не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 874.236 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.676, бројката на оздравени пациенти е 149.967, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 225.

 

Поврзани новости