Се чини дека Лионел Меси го направи вистинскиот потег кога е во прашање изборот на клуб. Неговата одлука да ја продолжи кариерата во Интер од Мајами, предизвика многумина сомнително да се тресат со главите, но се покажа дека тој ни малку не згрешил.
Имено, Меси доби мурал само неколку месеци откако го потпиша договорот за Интер од Мајами, а целата работа ја организираше легендарниот Дејвид Бекам, кој е еден од косопствениците на клубот.
Бекам ја надгледуваше целата работа, додека неговата сопруга Викторија го сними муралот и го објави на својот Инстаграм профил.
Лео Меси е на одмор и без сомнение ќе биде воодушевен од пречекот.
Аргентинскиот магионичар првиот натпревар во дресот на својот нов клуб ќе го одигра на 21 јули против Круз Азул, а билетите за овој натпревар се одамна распродадени.
Inter Miami’s Lionel Messi mural will be insane 🤩 pic.twitter.com/0x1TDOXGgw
— GOAL (@goal) July 11, 2023