Шест скопски градоначалници дебатираа за загадувањето

by Fokus

Координација на активностите на општините во градот Скопје со посебен осврт на координирана акција за справување со загадувањето, институционално постапување за интегрираните еколошки дозволи, чистење на дивите депонии, заедничко постапување за справување со комуналните проблеми, како и нови мерки за ограничување на тешките товарни возила низ општините беа темите на кои разговараа градоначалниците на скопските општини со градоначалничката на Градот Скопје.

„Заседаваше Координативното тело на градоначалници на Градот Скопје, со главна цел конкретни решенија за предизвиците со кои се соочени општините. Изготвен е акциски план, се започнува со реализација, а со секоја координација ќе се надополнува планот соодветно на состојбата на терен.

Непоходно е да соработуваме сите за да имаме побрзи решенија за кои е неопходна координација и заеднички активности. Само со меѓусебна соработка ќе постигнеме брзи решенија”, истакна на средбата градоначалничката Данела Арсовска.

Поврзани новости