Само седум нови случаи на корона вирус во последните 24 часа

by Fokus

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 1.418 тестирања, а регистрирани се 7 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 7.

Регистрирани се 71 оздравени пациенти од:

Скопје – 18, Куманово – 15, Битола – 8, Велес – 4, Штип, Кочани и Пробиштип – по 3, Кичево, Радовиш, Делчево и Виница – по 2, Прилеп, Струмица, Неготино, Свети Николе, Валандово, Крушево, Демир Хисар, Кратово и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се вкупно 18 починати лица: 7 лица од Скопје (41г,54г,58г,79г,81г,84г и 86г), по 3 лица од Тетово (69г,72г и 81г) и Гостивар (68г,68г и 77г), 2 лица од Прилеп (80г и 90г) и по едно лице од Виница (76г), Македонска Каменица (77г) и Дебар (92г).

Од пријавените, 9 лица се починати  во домашни, а останатите 9 во болнички услови. Пријавените 9 лица починати во домашни услови се од месец април.

Направени се 1.418 тестови преку: ИЈЗ-140, ЦЈЗ Скопје-38, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово –0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–3, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-117, Авицена-133, Биотек-194, Систина-353, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа–0, Никоб лаб-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 440. Досега во земјата се направени вкупно 778.092 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.067, бројката на оздравени пациенти е 146.940, на починати е 5.329, а бројот на активни случаи изнесува 2.798.

 

Поврзани новости