Само пет отсто се шансите дека Македонија ќе победи, предвидуваат обложувалниците

by fokus

Само пет насто се шансите македонските фудбалери да ја совладаат португалската репрезентација вечер во финалето од плејофот за пласман на Светското првенство 2022, според „BETCITY“.

Коефициентот за победа се движи околу 18. На Португалија и се даваат 81 насто шанси за победа (коефициент 1,19), додека 14 % е веројатноста натпреварот да заврши без победник (коефициент 7,10).

На последните пет средби, Македонците имаат четири победи (Италија на гости 1.0, Исланд дома 3:1, Ерменија на гости 5:0, Лихтенштајн на гости 4:0) и еден пораз (Германија дома 4:0).

Португалците имаат победи над Турција (дома 3:1), Луксембург (дома 5:0) и Катар (3:0 дома), нерешено со Ирска (0:0 на гости) и пораз од Србија (1:2 дома).

Натпреварот на „Драгао“ во Порто ќе почне вечер во 20:45 часот.

Поврзани новости