На традиционалната општинска манифестација Самун ем татлија, која се одржува во Радовиш, годинава ќе настапат само македонски музичари. Како што е наведено во програмата, на 30-ти септември гостите ќе ги забавуваат Бајабо Бенд, Викторија Бенд и Брас Брадерс.
Наредната вечер, на први октомври ќе настапат Јовче Пандев Бенд, Игор Џамбазов и Гуру Харе и Ибишеви. Последната вечер пак, гостуваат Ицов и пријателите, Струмичка тајфа, Екстра бенд и Вукица, Троја и Влатко Стефановски Трио. Во минатото за време на манифестацијата во Радовиш најчесто доаѓаа регионални музички ѕвезди.
Црвена Јабука, Наташа Беквалац, Шабан Шаулиќ, Хари Мата Хари, Јелена Розга и многу други познати изведувачи ги забавуваа посетителите на настанот на кој се промовираат локалните специјалитети, самунот и татлијата. Во тек на неколку дневната манифестација во минатото, се случуваше да се продадат и по 40 илјади самуни.
Вики Клинчарова