Иако Индексот за корупција на „Транспаренци Интрнешенл“ покажа скок за 14 места во борбата против корупцијата на Македонија, сепак резултатите не се за поздравување. Од Владата денеска изјавија дека тоа не е доволно затоа што земјава се уште се наоѓа во друштво на земји кои имаат слаба демократија.
На индексот за 2018 година Македонија е на 93 место, со 37 бода, или два бода повеќе од минатата година. Во 2016 година Македонија се најде на 107 место и тоа беше пад за 24 места подолу на глобалниот индекс. Годината претходно, или 2015, земјата беше на 66 позиција.
Иако бодирањата не се најсјани за Македонија, сепак е единствена земја од регионот која бележи напредок.
Од регионот Србија падна за десет места и сега е на 87 место. Бугарија падна на 77 место, а пред една година била на 71 место. Босна и Херцевогина била на 89, а сега е на 91. Хрватска, пак, паднала за три места и сега е на 60.
Црна Гора била на 64, а сега е на 67. Албанија била на 91, а сега е на 99. Косово на 85 пред една година, а сега на 91.