Само Коцевски доби зелено светло за шеф на обвинителите, Фетаи и Раичевиќ испаднаа

by fokus

Само обвинителот Љупчо Коцевски доби зелено светло од Советот на јавните обвинители да ја продолжи трката за шеф на обвинителите, додека од трката за наследник на Љубомир Јовески испаднаа Фатиме Фетаи и Лидија Раичевиќ.

Коцевски доби едногласно позитивно мислење и сите членови на советот имаа само пофални зборови за него за време на дискусијата.

За разлика од Коцевски, за обвинителката Лидија Раичевиќ сите дадоа негативно мислење. Еден од членовите и замери на Раичевиќ дека последниот случај кој го работела завршил со ослободителна пресуда, алудирајќи на случајот ,,Ровер”, во кој беше обвинет Љубе Бошкоски.

Обвинителката Фатиме Фетаи од старт отпадна поради некомплетна документација.

Владата ќе треба избраниот кандидат од страна на Советот на јавно обвинители да го одобри и потоа предлогот да оди на гласање во Собрание.

В.В.

Поврзани новости