Само еден од седум Британци верува дека Трас ќе биде подобра од Џонсон

by Fokus

Само еден од седум Британци верува дека Лиз Трас ќе биде подобра премиерка од Борис Џонсон, покажува денешната анкета на агенцијата YouGov, додека четвртина од испитаниците веруваат дека таа ќе биде полоша од претходниот премиер.

Британските медиуми ја пренесуваат анкетата во која од 2.488 анкетирани 14 отсто очекуваат дека Трас ќе биде подобро од Џонсон, додека 27 отсто сметаат дека таа ќе биде полошо од него.

Лиз Трас вчера изјави дека во текот на првата недела на функцијата таа ќе почне акција за решавање на проблемот со поскапувањето на сметките за струја и зголемување на залихите на енергенсите.

Половина од анкетираните изјавиле дека се разочарани што Трас е премиерка, додека секој петти Британец изјавил дека има доверба дека нејзината влада ќе го олесни актуелното прашање за високите трошоци за живот.

Поврзани новости