Иако СДСМ постојано најавуваше дека ќе се бори за еднаква застапеност на жените во однос на мажите, сепак предлог-составот за новата Влада не го отсликува тоа.
Од 19 министри колку што ќе брои идната Влада, само четири ќе бидат жени. Тоа се:
Јагода Шахпанска – министерка за труд и социјална политика
Мила Царовска – министерка за образование и наука
Ирена Стефоска – министерка за култура
Радмила Шекеринска – министерка за одбрана
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев направи математика според која застапеноста сепак е 50:50.
-СДСМ има предложено 11 министри, од кои осум се со ресор, а од нив плус се тројцата потпретседатели на Влада кои се предлагаат како министри без ресор, со надлежност која Владата ја дава во областите кои ги споменав. Од осумте министри со ресор, четири се жени, а четири се мажи, пресмета Заев.
Сите предлози за министри од ДУИ се мажи, а се очекува уште предлог за министер/ка за информатичко општество и администрација.