Само БЕСА и ГРОМ вистинито и објективно ги прикажале податоците во финансиските извештаи

by fokus

Државниот завод за ревизија денеска ги објави ревизорските извештаи од извршената ревизија на финансиските извештаи на сметките за редовно работење на осум политички партии: ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, БЕСА, Алијанса за Албанците, ДПА, ГРОМ и ДНЕТ (Движење за национално единство на Турците).

Од сите овие партии, ДЗР даде мислење без резерва за вистинито и објективно прикажување на финансиските
извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики само за БЕСА и ГРОМ.

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ добија мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на податоците во своите финансиски извештаи.

Додека ДПА, Алијанса за Албанците и ДНЕТ добија неповолно мислење кое ДЗР го бележи со црвена боја.

 

Поврзани новости