Само 8 пациенти ќе го добијат лекот ,,трикафта”

by fokus

Засега, само осум пациенти со цистична фиброза ќе го добијат лекот ,,трикафта”.

Од Министерството за здравство, Министерството за финансии и Фондот за здравствено осигурување најавуваат дека ќе бидат во постојана меѓусебна и комуникација со производителот околу набавката на лекот „трикафта“ за пациентите со цистична фиброза.

Министерот Беким Сали по средбата изјави оти се надева дека во најскоро време со сите потребни измени на Законот за јавни набавки и други закони поврзани со набавка на лекови, и со обезбедување финансиски средства, ќе се обезбеди терапија за овие пациенти.

Ќе иницира измени во текот на следната недела и се надева дека ќе бидат поддржани во Собранието.

-Во делот на цената сè уште нема конкретна финална цена. Имаме првични информации за цената на еден третман за еден пациент на годишно ниво, меѓутоа останува финалната цена да ја добиеме од производителот, изјави Сали.

Министерот Бесими рече дека ќе се најде решение за да се набави овој лек директно од производителот бидејќи е скап.

Поврзани новости