Само 476 Ковид позитивни или лица во изолација се пријавиле да гласаат

by fokus

На денот пред локалните избори, денеска своето право на глас можат да го остварат вкупно 10.653 гласачи, информираше денеска претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

-Од нив, 1.899 гласачи се од 13-те казненопоправни установи каде гласачките места беа отворени утрово во 7 часот, а каде гласањето ќе трае до 19 часот. Во своите домови гласачкото право ќе го остварат 7.921 граѓанин, кои се пријавиле за гласање. Како лица кои се во домашен карантин или на кои им е определена мерка самоизолација поради Ковид-19, во своите домови ќе гласаат 476 лица. Ова гласање ќе го спроведат посебни избирачки одбори составени од медицински персонал и лица номинирани од политичките партии, рече Даштевски.

Инаку, во моментов има вкупно 6.693 активни случаи на Ковид во државава.

Поврзани новости