Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 223 тестови, а регистрирани се 34 нови случаи на КОВИД-19.
Од вкупниот број на позитивни (34), регистрирани се 8 реинфекции. Регистрирани сe 264 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, регистрирани се 3 починати лица, по едно лице од Скопје, Крушево и Дебар, на возраст од 79г-89г. Од нив две лица се починати во болнички услови а едно лице во домашни услови. Пријавените се починати во период од 10-29.08.2022
Досега во земјата се направени вкупно 2.156.878 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.404, бројот на оздравени пациенти е 330.866, на починати е 9.506, а бројот на активни случаи изнесува 1.032