Европејците се отворени за пристапување на Украина во ЕУ, но се скептични за приемот на државите од Западен Балкан, Грузија и Турција.
Ова го покажува истражувањето спроведено во шест земји членки на ЕУ пред овонеделниот Самитот на Унијата на кој ќе се расправа за проширувањето, пренесува британски „Гардијан“.
Анкетата во шест земји-членки на ЕУ спроведена на барање на Европскиот совет за надворешни односи (ЕЦФР). Анкетата покажа дека поддршката за влезот на Украина е највисока во Данска (50%) и Полска (47%).
Поделено мислење има во Романија (32% за, 29% против), во Германија (37% за, 39% против) и во Франција (29% за, 35% против).
Најмала поддршка за Украина во ЕУ има во Австрија.
Европејците покажуваат студен однос и кон приемот на Албанија, Македонија, Србија, БиХ, Грузија и Косово. Поддршката за нивно членство во ЕУ е помала од 30%.
Најмала е за Косово (20% се за, а 37% против), Албанија (24% за, 35% против), Србија (25% за, 35% против) и Грузија ( 25% за, 31% против).
Мислењето за Македонија (26% за, 27% против), за БиХ (28% за, 29% против), за Молдавија (30% за, 28% против) и за Црна Гора (30% за и 25% против) приклучување кон ЕУ.