Само 23 нови случаи на корона вирус

by Fokus

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 направени се 953 тестови, а регистрирани се 23 нови случаи на КОВИД-19, од кои еден е реифнекција, информира Министерството за здравство.

Регистрирани сe 190 оздравени пациенти, а во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Охрид (80г), починато во болнички услови со коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.984.493 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.817, бројот на оздравени пациенти е 297.354, на починати е 9.252, а бројот на активни случаи изнесува 1.211

 

Поврзани новости