Со 59 гласа „против“ , 20 гласа „За“ и 10 воздржани во Собранието не помина интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Вечерва опозицијата во текот на расправата лично го прозва министерот Спасовски за, како што велат зголемениот број грабежи, убиства и скандали. Владејачкото мнозинство, пак, интерпелацијата ја оценија за неоснована, паушална и во функција на спречување на напредокот на државата.
Министерот Спасовски, во реплика на нападите од опозицијата, сподели неколку факти, за како што рече, за нештата да бидат појасни за јавноста.
– Зборувате за зголемен број убиства. Еве ги статистичките податоци. 2014 година, кога ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски се во најголем подем на власта и министер е Гордана Јанкуловска се случиле 25 убиства. 2018 година имаме 17 убиства. Фактите и податоците се тие. 2014 година ефикасноста во реализацијата е 42 проценти, додека 2018 година реализацијата е 75 проценти, изјави Спасовски.