Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа
Направени се 684 тестови, а регистрирани се 18 нови случаи на КОВИД-19. Од вкупниот број на позитивни (18), регистрираниа е 1 реинфекција.
Регистриран e 231 оздравен пациент. Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Струмица (86г), починато во домашни услови, пријавено на 30.03.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 1.997.169 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.620, бројот на оздравени пациенти е 298.532, на починати е 9.262, а бројот на активни случаи изнесува 826.