707
Од вкупно 330.320 граѓани со примени две дози вакцини против Ковид-19, 96 биле позитивни на корона вирусот по примена втора доза вакцина. Тоа значи дека само 0,02 отсто се заразиле со Ковид-19 што укажува колку е важно граѓаните да се вакцинираат, соопшти Министерството за здравство.
Од 96-те позитивни, 56 се заразиле во период помал од 21 ден од примената втора доза вакцина. Само 13 од заразените со Ковид биле хоспитализирани. Двајца од нив во моментов се на лекување и се стабилни, иако еден од нив е со тешко хронично заболување.
-Нема ниту еден починат пациент со Ковид, а кој има примено две дози вакцина, се наведува во соошштението од Министерство за здравство.