Поканата важи кога ќе се реши спорот со името со взаемно прифатливо решение од двете страни, во рамки на ОН. Се бараат интензивирани напори да се стигне до таа цел”. Ова е пораката што на лидерите на НАТО на самитот од Велс ја упатија до Македонија.
„Брзотo решение за спорот со името и членството што ќе следи потоа ќе придонесат за безбедноста и стабилноста на регионот. Ние го охрабруваме и поддржуваме продолжувањето на напорите за реформи во земјата, особено во поглед на осигурувањето на ефективен демократски дијалог, слободата на медиумите, независноста на судството и целосно функционирање на мултиетничкото општество, врз основа на целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор. Исто така, ве охрабруваме да направите дополнителни напори за развивање на добрососедските односи. Ние го цениме долгогодишниот придонес на бившата југословенска Република Македонија во нашите операции и активната улога во регионалната соработка. Ја цениме долгогодишната посветеност на земјата на процесот на пристапување во НАТО“, се вели во препораките на лидерите на НАТО до Македонија.
Во врска со Балканот, има 113 заклучоци, а Балканот се оценува како стратегиски важен регион.
НАТО се обврзува исто така дека и натаму ќе ја поддржува евроатлантската интеграција на земјите на Балканот.