Саманта Фокс се венча со својата партнерка: Лудо се заљубив во Линда!

by fokus

Секс симболот на осумдесеттите години на минатиот век, Саманта Фокс (56), се венча со својата партнерка Линда Олсен, пренесоа британските медиуми.

Пејачката која што мамеше воздишки со своите 90-60-90 пропорции, и која работеше и како модел, во својата книга објавена во 2003 година откри дека ја привлекуваат и мажи и жени, а пред неколку години раскажа дека била вљубена и во својата менаџерка Мајра Стратон.
Кога Стратон починала во 2015 година, Саманта била скршена од болка.

Веќе наредната година ја сретнала Линда и веднаш се вљубила во неа.

-Лудо се вљубив во неа и веднаш знаев дека сакам цел живот да бидам со неа. На Свети Валентин пред две години таа клекна на колена и ме запроси, беше се така традиционално, плачев јас, плачеше и таа – раскажа Фокс.

Поради актуелната пандемија, не се венчале веднаш, и чекале разлабавување на мерките. Свечената церемонија ја направиле во Есекс, со многу гости кои ги забавувал норвешкиот бенд Бобисокс.

Саманта, која на почетокот била модел, решила да се испроба во музичките води во 1986 година, кога го издаде албумот ,,Touch me”, и стана светска сензација, најмногу поради атрактивниот изглед.

Вики Клинчарова

Поврзани новости