Алатките за вештачка интелигенција може да претставуваат закана за авторите на трилер и научна фантастика, но немаат доволно оригиналност и се целосно лишени од секаква смисла за хумор за да бидат пречка за сериозните романсиери, напиша Салман Ружди во едно француско книжевно списание.
Во една статија преведена на француски за литературното списание La Nouvelle Revue Francaise (NRF), Ружди рече дека го тестирал ChatGPT барајќи од него да напише 200 зборови во негов стил.
Тој го опишува резултатот како „куп глупости“.
„Ниту еден читател кој прочитал ниту една моја страница не може да помисли дека јас сум авторот. Сосема смирувачки“, рече тој.
„Проблемот е што тие многу брзо ги учат овие работи“, вели авторот на „Сатански стихови“ и „Деца на полноќ“ кој добитник на престижната Букерова награда, додавајќи дека вештачката интелигенција сè уште може да ги загрози писателите на жанровската литература, како што се трилерите и научна фантастика, каде што оригиналноста е помалку важна.
Тој смета дека би можеле да бидат лично загрозени писателите на филмски и ТВ сценарија.
„Со оглед на тоа што Холивуд постојано прави нови верзии на истите филмови, вештачката интелигенција би можела да се користи за пишување сценарија“, рече тоj.