Претседателот Џо Бајден стои зад одлуката за повлекување на американската војска од Авганистан, и посочува дека хаосот што се случува по заземањето на власта од страна на талибанците не е „најлошото сценарио“, денеска во утринска емисија на телевизијата Ен-Би-Си изјави Џејк Саливан, советник за национална безбедност на Бајден.
-Всушност, сметам дека најлошото сценарио за САД би било околности во кои ние ќе додавама назад илјадници и илјадници војници да се борат и да умрат во граѓанска војна во Авганистан кога авганистанската армија не е спремна да се бори, истакна тој
Тоа било алтернативниот избор со кој Бајден се соочил.
-Ако останавме плус уште една, или уште две години, или уште пет години или уште 10 години, никаква добро спроведена воена обука или квалитетна опрема или потрошени пари или изгубени животи на САД не можеше да ја стави авганистанската армија во позиција да може да ја оддржува таа земја самостојно, истакна Саливан.
Тој рече дека Бајден се соочил со „лош избор“, но дека стои зад изборот што го направи. Призна дека заземањето на Авганистан од талибанците е побрзо од очекуваното и за тоа ја об вини авганистанската армија затоа што немала „волја“.
-Секако дека е изнанадување брзината со која градовите паднаа многу побрзо од очекуваното. На крајот од денот, наспроти факот дека ние потрошивме 20 години и десетици милијарди долари да набавиме најдобра опрема, најдобра обука и најдобри капацитети за авганистанските национални сили за безбедност, не можевме да им ја дадеме вољата и тие на крајот одлучија да не се борат за Кабул и да не се борат за земјата, а тоа отвори врата за талибаниците да влезат во Кабул многу брзо, изјави Саливан подоцна од пред Белата куќа.