Довчерашниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Шабан Салиу, е разрешен од оваа функција со одлука на Владата. На негово место е поставен Аднан Џафероски, член на Извршниот одбор на СДСМ. Информацијата за „Фокус“ ја потврди Салиу.
-Нормално дека го очекував ова, нова власт, нови луѓе. Најверојатно во иднина ќе предавам во одредени универзитети каде имам понуди, но можно е и да се вратам во адвокатурата – изјави тој.
Џаферовски доаѓа на директорското место во Дирекцијата во момент кога низ земјата беснеат пожари на повеќе локации, а претходниот директор беше критикуван во јавноста за лошото справување.
Според неговата биографија, роден е во 1969 година во с.Лажани, Општина Долнени. Дипломирал на Факултетот за политички науки и меѓународни односи, а специјализирал бизнис и менаџмент.