Сали: Знаеме дека има незадоволство кај медицинските сестри

by Фокус

Знаеме дека има потешкотии, знаеме дека има незадоволство, меѓутоа систематски работиме едно по едно да ги решаваме нивните барања, истакна министерот за здравство Беким Сали на денешното одбележување на Меѓународната недела на сестринството, осврнувајќи се на барањата на медицинските сестри.

Тој посочи дека е формирана работна група која подготвува нов закон за сестринство на предлог на Здружение на сестри. Сали додаде дека од Здружението го добиле драфт-текст којшто тие го подготвиле и со вработените во Министерството се координираат за понатамошното работење околу законот за сестринство.

-Знаете ние во континуитет инвестираме во подобрување за условите на работа како за медицинските сестри, така и за сите вработени во здравството. Сега очекуваме во јули месец покачување на платите, тоа е скалестото покачување коешто е договорено со Синдикат за здравство и сите останати синдикати – истакна Сали.

Поврзани новости