372
Здравството ќе функционира како што функционира и во изминативе 30 години и нема да се соочиме воопшто со недостиг на електрична или пак топлинска енергија, изјави министерот за здравство, Беким Сали.
Во одговор на новинарско прашање, Сали информираше дека пред две недели е пуштен допис до сите јавни здравствени установи да се погрижат за минималната заштеда на електрична енергија.
-Доколку успееме да заштедиме до пет проценти, не во виталниот дел, туку во деловите што се поддршка, како на пример ноќно осветлување на објектите, парковите ќе оствариме минимална заштеда во целосниот систем – изјави министерот.