925
Актуелниот министер за здравство Беким Сали не се повлекува од министерската позиција, ниту пак доаѓа некој нов кадар од СДСМ, потврди тој во изјава за „Фокус“.
„Ниту сум планирал, а ниту има такво нешто дека ќе се повлечам од позицијата. Баш сега во септември имаме бројни проекти, кои ни е планирани да ги реализираме. Тука е и Клиничкиот центар.
Ама, очигледно не се согласуваат со некои работи, па се трудат да ми ја дескредитираат работата“, вели Сали во изјава за „Фокус“.
Тој дојде на оваа позиција пред неколку месеци на местото на поранешниот прв човек Венко Филипче, кој дури пет години управуваше со ресорното министерство.
И.М.