Сали сослушан од Анкетната комисија за Онкологија, вели барал оставка од екс директорот Нино Васев

by Fokus

Денеска на Анкетната комисија за случајот со Клиниката на онкологија сослушан беше екс министерот за здравство, Беким Сали.

Според информациите, тој во своето обраќање за случувањата во Клиниката за онкологија за време на неговото раководење со МЗ, истакна дека побарал оставка од поранешниот директор на Онкологија, Нино Васев.

Сали рече дека тоа го побарал поради „неефективното менаџирање откако не изготвил извештај за работата на клиниката кој бил побаран од него, и назначувањето на новата директорка Виолета Клисарова како в.д. директор на клиниката со којашто имал можност да соработува само кратко време поради неговата оставка од министерската позиција краток период потоа“.

Прашања до екс министерот поставија повеќе пратениците во врска со набавката на лековите, начинот на терапиите, обезбедувањето на истото, надзорот на Министерството во врска со случувањата во Клиниката за онкологија, комуникацијата на министерството со Владата и кои биле преземените акции за време на неговото раководење со МЗ.

Поврзани новости