Сали: Само мал дел од матичните лекари штрајкуваат

by Fokus

Министерот за здравство Беким Сали тврди дека само околу 25 проценти од матичните лекари се придружиле кон како што вели „штрајкот со бојкот на работата“, а поголемиот дел не се дел од оваа ситуација „каде подебелиот крај го извлекуваат пациентите“.

„Не сите матични лекари, односно од примарното ниво, штрајкуваат. Ова не е протест, ова е штрајк со тридневно изразување револт кон политиките на Министерството за здравство. И во минатиот период повикав на разбирање и заедничка соработка затоа што пациентите не треба да бидат жртва на одредени политики кои доцнат. Очигледно, ние како Министерство не успеавме да убедиме само еден мал дел, тоа се 25 проценти од матичните лекари, две здруженија од трите поголеми здруженија на матичните лекари не се дел од штрајкот и не се вклучија во бојкотот на работата во кој подебелиот крај го извлекуваат пациентите, а не системот. Измени во системот се прават преку разговори, а не преку штрајк во кој пациентите се тие што патат“, рече министерот Сали.

Матичните лекари вчера го започнаа тридневниот протест со кој се бара зголемување на капитацискиот бод поради порастот на трошоците за живот. Лекарите се на работните места и примаат само итни случаи, но не издаваат упати и рецепти.

Поврзани новости