Сали: Протоколот за лекување Ковид е напишан уште во декември 2019 година

by fokus

Министерот за здравство, Беким Сали во гостувањето на Канал 5 рече дека протокол за лекување на болни од Ковид 19 во болниците има и тој е напишан уште при појавата на вуханскиот сој.

-Во изминатиот период кој е краток, напоменав дека протокол постои и има. Морам да бидам искрен и јас бев изненаден дека тој проткол е напишан уште кога се појавил вуханскиот сој, напишан во ноември или декември 2019 година. Тој протокол е обемен. Во изминатите две години тој претрпил одредени промени врз основа за новите соеви. Протоколот е напишан од доктори од Инфективна клиника и е расподелен и кон другите институции, рече Сали.

 

Поврзани новости