Беким Сали поранешниот министер за здравтсво изјави дека за време на неговиот мандат побарал финансиска ревизија на работењето на Клиниката за онкологија и побарал оставка од медицинскиот директор, бидејќи било забележано зголемување на долгот на клиниката кон добавувачот на новата терапија.
-Имавме забелешката во делот на менаџирањето со биолошката терапија од периодот кога беше внесена како иновативна терапија за онколошките пациенти. Клиниката почна да го зголемува долгот кон добавувачите на лекот и во неколку наврати побаравме да се изнајди решение и за тоа како и на кои пациенти им се препишува тој вид на терапија. Знаејќи дека овој вид на терапија се дава во пет клиники, најголемите финансиски проблеми ги имавме на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија. Бидејќи не добивме никаквио решение од медицинскиот директорот, ние побаравме да се изврши ревизија на работењето во делот на финансиското работење од страна на Фондот и за истиот период беше побарано оставка од медицинскиот директор, изјави Сали.