Сали побара инспекција за третманот на ракометарот Тот на КАРИЛ

by Fokus

Во врска со смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот, министерот за здравство Беким Сали согласно Законот за здравствена заштита и Законот за санитарна и здравствена инспекција иницираше Државниот санитарен и здравствен инспекторат да спроведе вонреден инспекциски надзор за постапката за прифаќање и третманот на младиот ракометар, соопшти Министерството за здравство.

По повод смртта на прерано починатиот хрватски ракометар, од Министерството за здравство изразуваат најдлабоко сочувство до семејството и неговите најблиски.

Поврзани новости