488
Засега немаме јасна изјава од Алијансата на Албанците (АА) дали се заинтересирани за вклучување во владината коалиција, изјави вечерва министерот за здравство и потпретседател на партијата Алтернатива, Беким Сали во интервју на Алсат М телевизија, коментирајќи ги информации за евентуален влез на АА во Владата.
– Кои се околностите и причините за проширувањето на ова мнозинство? Дали е тоа смирување на „огнената група” во ДУИ, бидејќи немаме јасна изјава од Алијансата дали се заинтересирани и поради која причина би можеле да бидат дел од парламентарното мнозинство. Имајќи предвид дека рекоа оти ќе поддржат секоја промена која е во интерес на евроинтеграциите, рече Сали.