Здравствниот кадар и вработените во КАРИЛ професионално постапиле во случајот на починатиот спортист Денис Тот, изјави вечерва министерот за здравство Беким Сали, во емисијата Клик Плус на ТВ21, при што додаде дека не забележен некој недостаток во давањето на првата помош и сите постапки кои се потребни за таков случај.
– Немил е случајот. Знам дека млад спортист починал како резултат на насилство. Меѓутоа во делот на професионалност мислам дека ниту еден од екипата на Итната помош, а ниту пак колегите во КАРИЛ немале некој професионален пропуст. Останува и судска медицина да даде извештај и тука ќе ја добиеме целосната слика. Направени се компјутерски томографи колку што и било потребно, навремено без некои детали кој што нас не наведуваат на некој можен пропуст при постапката, рече министерот Сали.