Сали: Дел од докторите користеле протоколи од други држави

by fokus

Министерот за здравство, Беким Сали во вечерашното гостување телевизија Канал 5 откри дека дел од докторите не се придржувале до нашиот протокол, туку преземале протоколи од други држави. Според министерот, тоа не е грешка.

-Жалам што одредени доктори или институции не го следеле овој протокол. Тие земале протоколи од соседни држави. Но, тоа не е грешка.
Протокол има, но можеби сме мрзеливи да читаме протокол од 35 страници.
Вчера на Комисијата за заразни болести зборувавме како да направиме форма на протоколот кој може да биде достапен и јасен за јавноста. Бидејќи овој протокол е многу стручно напишан и нема да се разбере. Ако се објави во вакви стручна форма, може да дојде до злоупотреба и одредени поедници сами да се лекуваат, рече Сали.

Поврзани новости