Одложената Евровизија 2020 која требаше да се случува во Ротердам, Холандија, ги остави љубителите на оваа музичка манифестација без задоволството да уживаат во настанот на кој учествуваат музичари од десетици европски земји, а го следат околу 200.000 милиони народ.
Сепак, како што информираат од Европската радиодифузна унија (ЕБУ) наредната година е предвидено настанот да се одржи во Холандија. Салата Ахој во Ротердам, која се подготвуваше за изборот пред да започне пандемијата со корона вирус, денес е претворена во Ковид – 19 болница, каде се лекуваат лица инфицирани со вирусот.
-Бевме свикнати овде да гледаме среќни лица, луѓе кои дошле на културен настан или на некој концерт. Сега, доаѓаат луѓе кои се болни. Се надеваме дека ќе си заминат од тука здрави и среќни. Контрадикторно е, но среќни сме што можеме во овие моменти да направиме нешто за општеството – порача менаџерот на Ахој, Арнауд Хорнијк.
Во истата концертна сала, би требало да се одржи наредното издание на Евровизија. Веќе 18 земји го потврдија своето учество за 2021 година, и тоа Грција, Холандија, Израел, Украина, Грузија, Швајцарија, Шпанија, Чешка, Бугарија, Словенија, Сан Марино, Белгија, Романија, Азербејџан, Австрија, Малта, Австралија и Малта. МРТ се уште го нема потврдено учеството на Евровизија 2021 на нашата земја и нема информација дали доколку учествуваме, повторно ќе не претставува Васил Гарванлиев, или пак ќе се избира нов претставник.
Вики Клинчарова