Новата извршна директорка на Twitter, Линда Џакарино, ги објави првите планови една недела по преземањето на новата функција во компанијата. Џакарино ги повтори целите на Елон Маск за тоа како Твитер мора да се трансформира во „глобален градски плоштад“.
Таа рече дека тоа ќе ѝ помогне на цивилизацијата да оди напред преку нефилтрирана размена на информации и отворен дијалог за важни работи, пишува Би-би-си.
Таа исто така нагласи дека компанијата има цел и мисија да стане најпрецизен извор на информации во светот во реално време.
„Треба искрено да верувате и да работите напорно“
„Од истражување на вселената до електрични возила, Елон знаеше дека на овие индустрии им е потребна трансформација, па го направи тоа. Станува сè појасно дека на глобалниот градски плоштад му треба трансформација. Треба навистина да верувате и да работите напорно за тоа. Имаме можност да создадеме нови партнерства и заедно да изградиме нешто што може да го промени светот. Вие сте создадени за ова“, изјави Џакарино.