Сакам да работам: Предупредување за специјална кампања против легалните игри на среќа

by fokus

Во специјалната кампања што се води против легалните игри на среќа во Северна Македонија очигледно веќе не се штедат ниту финансиски средства, ниту логистика.

Должни сме да ја предупредиме јавноста дека „свиркачи“ ни доставија информација дека одредени центри на моќ, кои имаат бизнис интерес да се затворат легалните игри на среќа во Северна Македонија, служејќи се со манипулација ќе се обидат да внесат немир кај родителите на учениците за да вршат уште пожесток притисок врз верските заедници, државните институции, политичките партии и закуподавачите на објектите, со целда ја истуркаат нивната агенда. Извршител на оваа манипулација се очекува да биде таканареченотоДвижење „Антикоцкање“ од Тетово. Параван зад вистинските намери ќе биде наводна нивна грижа за учениците. Ќе се шират лажни вести, ќе се користат манипулативни податоци како дел од специјалнатакампања против игрите на среќа.

Згрозени и вознемирени сме од приземните конструкции. И меѓу нас вработените во игрите на среќа има родители на ученици. Никој од нас не може да работи на штета на младината. Затоа сакаме да ги разобличимелагите. Редно е за почеток претставниците на „Антикоцкање“ од Тетово да одговорат на следните прашања:

Дали и колку финансиски средства примиле во готово? По чиј налог ќе се обидат да манипулираат со родителите на учениците? Колку чини и кој ги покрива трошоците за дизајнот и изработката на претходните пропагандни материјали и оние кои планираат да гипласираат во јавност? Чии бизнис интереси се кријат зад нивните активности? Дали одработуваат да се затвори легален бизнис за некој да печали од интернет игри на среќа и играчници на црно, без контрола од државата? Дали така учениците ќе бидат во поголем или помал ризик? Кој ќе понесе одговорност за штетата што ќе следи? Зошто сакаат да остават 10 илјади луѓе без своите работни места?

Конечно, ги повикуваме Владата и Собранието да отворат четири очи и да внимаваат да не паднат во замката што им се мести. Погрешни измени на Законот за игри на среќа и забавните игри ќе направи страшнипоследици на среден рок. Штетата што ќе се направи, многу долго нема да може да се санира. Затворањето на легалните игри на среќа секаде каде се спроведе предизвика играње на црно по подруми без ред и поредок.

ЗДРУЖЕНИЕ НА ВРАБОТЕНИ ВО СЕКТОР ИГРИ НА СРЕЌА САКАМ ДА РАБОТАМ

Поврзани новости