Подолго време и укажуваме на јавноста дека „Групата за играње на црно“ која се претставува како Движење „Антикоцкање“ од Тетово делува како огранок на една владејачка партија на која и се припишува дека наводно има бизнис интерес измените на Законот за игри на среќа да стапат на сила во ваква форма. Во своите медиумски настапи се служат со политички формулации, вршат притисоци врз различни државни функционери и се служат со груби манипулации со цел да предизвикаат паника кај родителите. Никогаш не одговорија кој им ги плаќа материјалите за кампањите.
Лага на деценијата е дека законските одредби за утврдување дистанца на легалните објекти за игри на среќа на 500 метри од образовни институции се прави за заштита на младината! Претставниците на „Антикоцкање“ признаваат дека нивната крајна цел е да се затворат легалните објекти за игри на среќа за да после се отвораат нови приредувачи ама да бидат етнички подобни. Ако целта на „Антикоцкање“ е навистина да се заштити младината зошто не организираа протести пред Државна Лотарија која е доминантен сопственик во четири компании кои организираат онлајн игри на среќа и преку интернетот се влезени со секој дом, достапни секаде и на секој уред што ги користат младите секојдневно?
Апелираме до „Антикоцкање“ да престанат да ги внесуваат игрите на среќа во предизборната кампања. Неопходен е широк консултативен процес со вклучување на сите засегнати страни за да се дојде до законски измени кои навистина ќе понудат решенија за грижите на граѓаните. Државата не смее да создава предуслови за хаос во игрите на среќа, што на среден и долг рок ќе создадат непоправливи општествени последици.
ПР